
– Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на повеќе места пообилни, особено во јужните и западните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од четири до 13.
Во Скопје слично време, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до девет степени.
Во сабота врнежите ќе бидат поумерени и претежно во источните делови, а во недела слаби и локални. Од понеделник се очекува позначително заладување со врнежи од дожд и снег проследени со засилен северен ветер.