Градоначалникот на Прилеп, Јовановски се сретна со претставничката на УНДП, Луиза Винтон

од desk4
121 прегледи

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска оствари средба со Луиза Винтон, постојан координатор на ОН и постојан преставник на Програма за развој на Обединети Нации (УНДП) во Република Македонија.

На средбата се разговараше за можностите за идна соработка, и за сферите во коишто може да се реализираат идни проекти помеѓу Општина Прилеп и УНДП, со цел да се подобри квалитетот на животот на граѓаните.

Градоначалникот Јованоски потенцираше дека Општина Прилеп е отворена за соработка со ОН и УНДП и дека ќе ја поддржи реализацијата на сите проекти што се во интерес на граѓаните во општината.