Новиот градоначалник на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш до медиумите испрати неколку фотографии од канцелариите на администрацијата и канцеларијата на градоначалникот после дождот.

„Според сведоштвата на вработените ваквата ситуација е константна наназад години поради лошата кровна конструкција. Претходниот градоначаник наместо да интервенира во кровна реконструкција инвестирал во проширување и реновирање на сопствената канцеларија. Општината е под ризик од избивање на поголем проблем поради протекување на вода директно во струјната инсталација“, стои во соопштението.



