Дополнителен дел од документите поврзани со убиството на поранешниот американски претседател Џон Кенеди повторно се објавени. 
Овој пат тие имаат повеќе од 10.740 парчиња
Ова е петтата “порција” тајни документи, кои според законот можат да бидат објавени 25 години по редот на класификацијата.
Американскиот претседател сепак има право и да не дозволи обелоденување , ако тоа би ја загрозило безбедноста на земјата. Веќе има серија скандали со познати или непопуларни лица околу семејството Кенеди.
Во октомври Владата на САД одобри објавувањето на илјадници документи, поврзани со убиството на шефот на државата во 1963 година Но администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп остави стотици класифицирани архиви за дополнителен преглед од разузнавачките агенции пред конечно да бидат објавени.
Белата куќа им даде на агенциите време да ги проверат во своите архиви и до април 2018 година, да известат за тежината на истите.