Георгиевски ја информирал Цароска за проблемот со малиот капацитет на градинките во Гази Баба

од desk2
66 прегледи

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски на средба со министерката за труд и социјална политика, Мила Цароска информирал за проблемот кој го има општината со малиот капацитет во градинките, како и недостигот од кадар.

– Имаме повеќе од 500 деца кои чекаат на списоците на градинките и не може да ги запишеме. Овој проблем го наследивме од порано и за да го надминеме, веднаш почнавме со подготовка на план и правење стратегија, за изградба на нови и доградба на веќе постојните градинки, рекол градоначалникот Георгиевски, соопшти прес-службата на општина Гази баба.

Георгиевски и Цароска разговарале и за проектот за изградба на нова градинка во Стајковци со капацитет за 60 деца, при што договориле општината да ја гради со поддршка на Министерството за труд и социјална политика. Станало збор и за отворање нов дневен центар за деца со посебни потреби во општина Гази Баба.