(ВИДЕО) Анџелина Џоли со моќен говор против сексуалното насилство: Сексуалното насилство е насекаде, во филмот, бизнисот, на универзитетите, во политиката…

од desk4
77 прегледи

Анџелина Џоли се обрати на конференцијата за мировни мисии на ОН во Ванкувер.
Таа во својот моќен говор кажа дека токму сексуалното насилство претставува критична пречка за постигнување на еднаквоста на жените и ускратување на  сите нивни човекови права.

-Сексуалното насилство е насекаде. Во индустријата која работам, во бизнисот, на универзитетите, во политиката, низ целиот свет. Најчесто, овие видови злосторства против жените се исмејувани. Прикажани се како прекршок извршен од човек кој не може да се контролира себеси, како болест или претерана сексуална потреба. Но, човекот кој ги малтретира жените нема претерана сексуална потреба, тој е насилник, додаде Џоли.

Иако не се осврна на обвинувања кон Харви Вајнстајн таа за New York Times кажа дека имала лошо искуство со филмски продуцент.

Познатата актерка истакна дека е возможно да се направат клучни промени со кои ќе се овозможи жените да не стравуваат од сексуално насилство.
-Тешко е, но не е невозможно. Имаме закони, институции и експерти за собирање на докази. Ние можеме да ги идентификуваме сторителите. Она што недостасува е политичка волја, објасни таа