
Најпознатата пејачка во светот Бијонсе до сега успешно го криеше својот приватен живот од медиумите и папараците, но сè се промени, откако нејзиното семејство се зголеми за уште еден член.
Се работи за нејзиниот татко кој има друга ќерка. И целата афера веднаш блесна во сите медиуми во светот. Стана јасно дека пејачката има сестра, која има седум години, а анализата на ДНК покажа дека таткото на пејачката е и татко на оваа девојка.
– Кога имав 21 години, бев стриптизета и почнав да се среќавам со успешни и богати луѓе и неколку пати во минатото бев уапсена за проституција. Од тогаш, решив да не го правам тоа повеќе, рече мајката на девојчето, која е полусестра на поп-ѕвездата.
