Со биохрана во борба за намалување на крвниот притисок

од desk4
100 прегледи

Храната со добри бактерии може да помогне во намалувањето на високиот крвен притисок, пишува Daily Mail.

Научниците откриле дека солената храна ги убива корисните бактерии во дигестивниот систем. Без нив, телото почнува да произведува клетки кои го зголемуваат воспалението.

Ова ги ограничува крвните садови и го зголемува крвниот притисок, што доведува до ризик од срцев удар и мозочен удар.

Прифаќањето на добри бактерии со храна може да го отстрани овој ефект. Овие се наоѓаат во природно ферментирани производи како што се природен јогурт и зелка.

Експериментите со луѓе и глувци поставени на нездрава храна, покажуваат дека добри бактерии во пробиотичкиот јогурт ги компензира оние што се убиени од сол.

Научниците од американско-германскиот тим од МИТ, сепак, предупредуваат дека земањето јогурт не е оправдување за луѓето да додадат повеќе сол во храната.

Врз основа на јогуртот, откритието може да доведе до развој на третман против висок крвен притисок.

Корисните бактерии во дигестивниот тракт на учесниците, според студијата се намалиле кога две недели јаделе солена храна.

Кога добиле пробиотик, една недела пред да се префрлат на повеќе сол, нивоата на корисни бактерии биле задржани.

Студијата вклучувала мажи на возраст од 18 до 50 години. Истите резултати се добиени и со глувци.