Како Мосад спречува развој на иранската нуклеарна програма

од desk2
106 прегледи

Врховниот обвинител на Техеран, Џафари Долатабади, изјави дека судот на иранската престолнина осуди на смртна казна агент на Мосад.

Тој е осуден затоа што на Израелската разузнавачка служба и пренесувал податоци за десетици ирански научници кои се занимаваат со развој на иранската цивилна нуклеарна програма.

„Се работи за податоци за вкупно 30 научници и воени команданти. Осудениот агент редовно се среќавал со осум или повеќе агенти на Мосад, оддавал информации во замена за пари и потоа добил дозвола да живее во Шведска“, објасни обвинителот.

Кои се крајните цели на Мосад и зошто се меша во нуклеарната програма на Иран, за Спутник зборува Емад Абшенас, ирански политиколог и експерт за Блискиот Исток.

„Не е тајна дека Иран води информациона војна против неколку држави, вклучително и Израел. Секако, специјалните служби на Иран ги следат и контролитаат сите кои би нашле израелски шпиони. Поважни од нуклеарната програма се луѓето, научниците и сите оние кои се вклучени во развој на овој дел од технологијата. Без оглед на тоа што Иран потпиша спогодба за нуклеарната програма според која нема да развива нуклеарно оружје, не се одрече од своите технологии за цивилна намена.“

Иранскиот политиколог додава дека токму „мозоците“, односно воените стручњаци и научници, се најважното оружје на Техеран.

Јасно е, додава тој, дека САД кога ќе посакаат да уништат некоја држава, прво целат на научниците, како што беше случајот со Ирак и со Либија. „Некои научници ги намамуваат да се преселат во Америка, а некои едноставно ги ликвидираат“, вели тој.

Владимир Месамед, ориенталист и стручњак за Иран, професор на Еврејскиот универзитет во Ерусалим, потсети дека Израел никогаш не пропушта да му наштети на договорот според кој Иран се обврза да не развива ново нуклеарно оружје.

„Израел никогаш не порекнува, но не ни потврдува обвинувања кои се однесуваат на убиства на ирански научници кои работат во областа на нуклеарната енергетика. Израел секогаш се трудел да најде пат за да ја поткопа нуклеарната програма на Иран. Дури и во Виенската конвенција, која е потпишана пред неколку години, нема конкретни одредби кои на Техеран му го забранува развојот на нуклеарна програма“, заклучува Месамед.

Иранскиот стручњак, доктор Бархани, политички експерт за прашањата на Блискиот Исток, смета дека Иран сепак има доволно можности да се заштити.

„Државите во регионот треба да бидат подготвени, затоа што со долгорочните планови на Израел се предвидува политика која подразбира терор и уништување на противникот по секоја цена. Државите од регионот, во таа смисла и Иран, предвидуваат низа мерки за да ја намалат опасноста од Израел, а еден од аспектите е и регионалната соработка“, заклучува Бархани.