Нема да се отвори рудникот Иловица се додека постои индиција дека може да го загадува струмичкото поле, тврди премиерот Заев, пренесува Телма.

Тој рече дека проблемот со овој рудник главно е во употребата на цијанид при лужење на рудата, што создаде вознемиреност кај населението, и затоа неговото отворање е сеуште на разгледување. Тоа е одговорот на Заев на прашањето ан рударски инжинер од Бугарија за плановите на Македонија во искористување на рудните богатства.
Граѓанските иницијативи бараат премиерот да си го одржи ветувањето дадено за време на локалните избори дека рудници нема да има и бараат итни средби со него, бидејќи рудникот во казандол интензивно се пдоготвува за работа.
Од иницијативата во југоистокот бараат и од општините бидејќи токму сегашното раководство беше меѓу најгласните поборници за референдуми во регионот.