Хан денеска во Скопје на средба со Заев и политичката елита во Македонија

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Премиерот Зоран Заев уденеска  ќе има работен ручек со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.

Заев и Хан ќе се сретнат во Клубот на пратеници  а  по  работната средба ќе одржат заедничка прес-конференција во 14.30 часот.

Хан е во дводневна посета на Македонија на средба со политичките лидери и претставници на граѓанското општество. Засега нема информации дали еврокомесарот ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов.
Главна тема на средбите ќе биде спроведувањето на реформските приоритети и имплементацијата на планот „3-6-9“.

 Тој посетата ја најави минатата недела по средбата со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров во Брисел.

„Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Скопје следната недела, со политички состаноци и средби со граѓанското општество“, напиша Хан на „Твитер“.

I am very much looking forward to my visit to #Skopje next week, with political meetings and exchange with #civilsociety 2/2

— Johannes Hahn (@JHahnEU) November 13, 2017

По средбата со Хан, Заев ќе замине на дводневна работна посета во Србија каде што ќе има средби со српската премиерка Ана Брнабиќ и српскиот претседател Александар Вучиќ.