Бродот „Мис Стоун” денеска ќе биде изваден откако се излеа нафта

од desk2
71 прегледи

родот „Мис Стоун“, кој вчера потона во каналот Студенчишта, по што од него се излеа нафта и се закани природна катастрофа, денеска ќе биде изваден од езерото.

Откако претставниците на локалната самоуправа, надлежниот државен инспектор за животна средина од Охрид и капетанот на Капетанијата на самото место утврдиле дека е излеана одредена количина нафта, се донела одлука бродот да се извади.

Излеаната нафта била третирана со специјални средства за разградување, за да се спречи поголемо загадување на животната средина, а според очевидци, од бродот е излеана нафта низ целиот канал и веќе е стигната до Охридско Езеро, јавува Нова Тв.

Рибарите рекле дека бродот бил добар кога си заминале, а кога дошле следното утро нафтата била излеана, што говори дека инцидентот се случил преку вечерта.