Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, денес на прес конференција тврдеше дека Едмонд Темелко е изложен на политичка тортура и се газат неговите човекови права, откако е притворен по обвинението на СЈО. Според него, како последица на тоа Темелко не може ни да оди, ни да дише ни да јаде.

„Едмонд Темелко има сериозна болест од која што секој ден му е загрозен животот. Едмонд Темелко сам не може ниту да стане од кревет. Заради болеста, Едмонд Темелко не може сам да се пресоблекува, ниту да ги извршува физиолошките потреби. Едмонд Темелко има проблеми со дишењето, со хранењето, и со движењето. Едмонд Темелко има проблеми со вртоглавици, со внатрешните органи и секојдневно се бори со неподносливи болки во мускулите и зглобовите. Едмонд Темелко нема соодветна здравствена нега бидејќи таа не може да му биде пружена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Едмонд Темелко, секој ден успева да го преживее благодарение на помошта што ја добива од друго притворено лице“, рече Коневски.
Според Коневски, случајот против темелко е конструиран, иако е најголем борец за човековите права на Македонците во Албанија.