Во Општина Центар се подготвува предлог одлука со која до 50 отсто ќе поскапи паркирањето во Центар.

Предлогот е по примерот на светските метрополи, како една од мерките против загадувањето и растоварувањето на паркинзите. Сè уште не се знае дали ќе почне да важи пред или по Нова година, зашто предлогот треба да ја помине процедурата во Советот на Општината.
Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ денеска на првиот брифинг со новинарите соопшти дека е разговарано со БЕГ за можноста да се приклучат на централно парно греење и куќите од населбите во Центар, со цел да се намали загадувањето на воздухот во зима.
Богдановиќ зборуваше и за мерките за загадување, за ревизијата на спомениците од „Скопје 2014“ и за буџетот на општината за 2018 година.