Суспендирани тројца полицајци во Мадрид, се заканувале на новинарка и на градоначалничка преку Whatsapp

од desk2
94 прегледи

Мадридската полиција суспендира од должност тројца полицајци поради закани со смрт за јавни личности на една група на социјалната мрежа, како и на друг полицаец кој ги пријавил.

Порано оваа недела весникот El Diario пишуваше дека на група Whatsapp во која членуваат преку 100 полицајци, некои членови пишувале коментари во кои ја изразиле желбата новинарката на laSexta, Ана Пастор и нејзиниот сопруг Антонио Гарсија Ферерас да бидат убиени, а упатувале и закани до градоначалничката на Мадрид Мануела Кармена.

Ова било откриено откако еден член на групата, исто полицаец, ги пријавил колегите, поради што и на него му се заканувале.

Полицајците се суспендирани додека трае истрагата, а одземено им е службеното оружје.