
Метро станицата Оксфорд Циркус во Лондон била евакуирана по пријава за инцидент, потврдија од британската полиција, а на лице место може да се забележат бројни вооружени полицајци.
Oxford Circus pic.twitter.com/VbnZHk1MYc
— Tobi Oke (@TefTobz) November 24, 2017
Како што соопштија од полицијата имало извештаи за пукање и кон инцидентот пристапиле како на можен терористички напад.Според првичните информации нема жртви во инцидентот.
Во станицата настанала паника откако било соопштено патниците да се евакуираат поради некаков интен случај, по што веднаш пристигнала полицијата.
Се уште не е официјално соопштена причината за евакуацијата, но од Британската транспортна полиција порачаа граѓаните да го избегнуваат регионот.
#oxfordcircus pic.twitter.com/1149KJ1eJy
— Coryn Brisbane (@corynbrisbane) November 24, 2017
Очевидци тврдат дека луѓето панично бегаат од местото на настанот. Полицијата побарала од луѓето да влезат во блиските кафулиња и продавници и да останат таму.
