Градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски денеска на работен состанок во компанијата Арилјеметал соопшти дека општинскиот буџет за 2018 година се креира отворено и транспарентно, заедно со граѓаните и бизнис секторот.

Георгиевски ги запозна членовите на бизнис-клубот на Општината чиј член е и Арилјеметал, со нацрт-буџетот. Им го презентира и планот за развој кој предвидува, рече, влез на нови инвестиции.
На состанокот беше договорено за 2018 година општината Гази Баба заедно со бизнис секторот да подготви план за овозможување пракса на учениците во компаниите на територија на општинатас со која би стекнале квалификации и би можеле да се вработат во тие компании.
Претседателот на бизнис клубот Богослав Ангелоски истакна дек