Кавадарци ќе добие три нови мерни станици за квалитетот на воздухот

од desk4
72 прегледи

Три нови мерни станици за амбиенталниот воздух ќе добие Кавадарци, соопштија кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и ректорот на Универзитетот  „Гоце Делчев“ од Штип  проф. д-р Блажо Боев, откако потпишаа меморандум за соработка.

Кавадарци останува меѓу најзагадените градови во државата, покажуваат мерењата на ПМ 10 честичките кои секојдневно се презентираат пред јавноста, а кавадарчани со години бараат одговор на прашањето кои се вистинските загадувачи во градот.

Кавадарци сега има само една мерна станица во новиот центар на градот./извор sdk