Федералното биро за истраги ФБИ не известил десетици американски функционери дека руски хакери се обидувале да упаднат во нивните гимејлови, дознава АП.

Агенцијата наведува дека ФБИ повеќе од една година знаеле дека американски функционери се на мета на Кремљ.
Во речиси 80 интервјуа со Американски кои биле на мета на руски хакери од групата „Фенси бар“, за која АП тврди дека е поврзана со руската влада, ФБИ дамо во два случаи ги предупредил луѓето на опасноста.
„Тоа е неверојатно збунувачки. Мора да им кажете на своите луѓе. Мора да ги штитите своите луѓе“, вели поранешниот директор на Националниот безбедносен совет, Филип Рајнер.
ФБИ одби да одговори на прашањето на агенцијата АП, но издадоа соопштение, во чиј дел се наведува: „ФБИ редовно ги информира поединците и организациите за можни закани“.