
На денешната завршна сесија на собранието на Европските зелени што се одржа во Карлштад, Шведска, Демократската обнова на Македонија беше избрана за полноправна членка.
Со ова ДОМ го заокружи својот развоен пат како зелена партија од Република Македонија и успеа дел од нашето општество да внесе во Европа, велат од партијата.