Џафери во прва официјална посета на Шведска

од Vladimir Zorba
143 прегледи

  Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери од денеска е во прва официјална посета на Кралството Шведска.

Предвидено е да има средби со неговиот шведски колега, претседателот на Риксдагот, Урбан Алин, со министерката за надворешни работи Маргот Валстром, како и со министерот за миграција и заменик-министер за правда Хелен Притзон, а ќе има и аудиенција кај Кралот на Шведска, Карл  XVI Густаф.

Џафери за време на престојот во Шведска ќе се сретне и со градоначалничката на Стокхолм Луиз Ерландсон Слорах, ќе има и средби со службеници и истражувачи од Школата за економија на Стокхолм, а ќе ги посети и Музејот Васа и Музејот Нобел.

Кралството Шведска е уставна монархија. Од 1973 шеф на државата е кралот Карл XVI Густаф. Еднодомниот парламент Риксдаг брои 349 пратеници кои се бираат преку пропорционален модел за мандат од четири години. Премиер на Шведска од 2014 година е Стефан Лофвен од Социјалдемократската партија.

Дипломатските односи меѓу Македонија и Шведска се воспоставени во 1993 година. Од 2002 година Кралството Шведска во билатералната комуникација го користи уставното име додека на меѓународни собири ја користи референцата./MIA