СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на П.Шапка,Маврово, Стража,Плетвар, Страцин и К. Паланка кој во моментов не се задржува на коловозот..

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Појава на магла со видливост до 150 метри има кај Страцин.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година.
СЕЗОНСКО ЗАТВОРЕЊЕ НА ПАТЕН ПРАВЕЦ: Регионалниот пат Р-2332 (Трпејца – Царина) низ националниот парк Галичица се затвора за сите видови на сообраќај од 15.11.2017 до 01.04.2018.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.