ВМРО-ДПМНЕ: Бракот меѓу СДСМ и мафијата е на директна штета на државата и граѓаните

од desk4
79 прегледи

„МВР е претворено во партиски штаб на СДС. Tоа се потврдува и со фактот што секојдневно се бројат жртви по улиците, МВР како институција молчи, а во нивно име се пишуваат реакции од Бихаќка.
МВР наместо да молчи и да го затскрива криминалот, треба да и одговори на јавноста: Каде е убиецот на младиот Мартин Јанушев и неговите помагачи?

Кој им помогна да избегаат?

Како избегаа и каква е нивната врска со криминалната врхушка околу Зоран Заев?

Каде е убиецот од Чаир и неговите помагачи?

Каква улога во изборниот период имал активистот на СДС и во каков се криминал бил инволвиран?

Уште колку убијци и нивни соработници се на слобода?

Уште колку животи треба да згаснат по улиците за да си замине Оливер Спасовски и конечно да и се овозможи на полицијата да делува против мафијата?

Бракот меѓу СДС и мафијата е на директна штета на државата и граѓаните и целосно ги парализира професионалците во полицијата да се борат против криминалните банди и да спречат да се случуваат вакви крвави пресметки по улиците“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.