
Плејбој не е бренд, познат по разновидноста, но еве зошто последното засилување кое доаѓа во редовите на моделите е директна сензација. По претставувањето на својата прва транссексуалка плејбојка – Инес Рау, брендот најде и друго интересно решение – вклучи раскошен модел Molly Constable.
Моли се јавува како модел од 2012, кога Vogue ја нарекува – „еден од големите модели на годината“, пишува teenproblem.net.

„Кога моите агенти ми рекоа дека ќе снимам за Плејбој, бев малку загрижена за приказната за магазинот. Но, откако дознав дека Хедер Хазан ќе ме фотографира – сите стравови ги снема. Ние и порано снимавме заедно, и тоа е еден од моите омилени кадри “, вели Моли.

„Посакувам сите жени да бидат наречени модели и да се свртат кон поважните теми. Големината не е проблем – сите ние имаме исти можности “, додава таа.

