Апелациски ќе одлучува за „бомбите“ во предметот „Тортура“

од desk2
72 прегледи

Апелацискиот суд Скопје денеска на јавна седница треба да одлучува дали прислушуваните разговори може да се користат како доказ во предметот „Тортура“ на СЈО.

Овој предмет се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошковски, на 6.6.2011 година по предвремените парламентарни избори.

Во „Тортура“ првообвинет е поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалков, а второобвинет е екс-командантот на Алфите, Ивица Антевски-Пуки. Сите седум обвинети во овој предмет се товарат дека сториле кривично дело мачење и друго сурово, нечовечко постапување и казнување од Кривичниот законик.

Кривичниот суд донесе решение со кое „бомбите“ ги отфрли како доказ во постапката, по што СЈО вложи жалба до второстепениот суд.