СДСМ: Институциите имаат законска обврска да ги расветлат настаните од 27 април

од desk2
76 прегледи

СДСМ соопшти дека институциите имаат кредибилитет и должност да ги расветлат настаните од 27 април во Собранието заради, како што наведуваат, потребата од правда и владеење на право во Република Македонија, за ваков случај никогаш да не се повтори.

Според СДСМ, институциите имаат обврска да постапуваат согласно законските процедури и мора да има одговорност за сите учесници во насилството од 27 април годинава.

– Македонија е сериозна, демократска држава, со институции коишто имаат обврска пред граѓаните и Уставот да постапуваат согласно јасни законски процедури, за целосно расчистување на настаните од 27-ми април и соодветна законска одговорност на сите инволвирани, стои во соопштението.

Насилството на 27 април, оценува партијата, беше напад врз демократијата во Република Македонија, врз уставниот поредок, обид за загрозување на животот на пратеници, а со тоа и напад врз сите граѓани на државава.