Дирекцијата за заштита на личните податоци донесе одлука со која вработените во градинките повеќе не смеат да објавуваат фотографии на социјалните мрежи од дечињата сместени во нивните установи. Оваа одлука е резултат на многубројните жалби од родители кои се револтирани бидејќи нивните деца, без прашање биле изложени на социјалните медиуми. Министерката за труд и социјална политика најави мерки за градинките кои не ја спроведуваат одлуката.
Одлуката е доставена до претшколските установи и тие се должни да ја подготват потребната документација за нејзино спроведување.