Катастарските услуги се намалуваат од 28 до 90 насто

од desk4
120 прегледи

На денешната седница владата ја усвои информацијата на Агенција за катастар на недвижности за изменување и дополнување на Тарифникот за висина на надоместокот за повеќе услуги на катастарот.

Со предложените измени, цените на услугите на Агенција за катастар на недвижности за различни услуги се намалуваат од 28 до 90 отсто.

На седницата владата ја разгледа и усвои информацијата за состојбата и напредокот во процесот на европска интеграција, и го задолжи Секретаријатот за европски прашања веднаш да достави листа на закони, стратегии, планови и програми од План 3-6-9 со насоки како оперативно средство за следење на реализацијата на Планот 3-6-9.