Италија: Уапсени шест полицајци поради земање мито од мигранти

од Vladimir Zorba
74 прегледи

   Шестмина италијански полицајци се уапсени поради давање дозволи за престој на мигранти за кои добивале покуп од неколку илјади евра. Четворица од нив се во притвор, а двајца во домашен притвор. Приведени се и двајца посредници, јавија италијански медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Приведените полицајци работеле во миграциската служба во Милано, но пред да бидат уапсени биле преместени во други оддели заради сомнително однесување.

Италијански медиуми јавуваат дека земале поткуп од 500 до 5.000 евра за издавање дозволи за долгорочен престој со кои мигрантите можеле да добијат по извесно време и италијанско жителство. Под истрага се над 100 случаи за таква корупција, извршена меѓу 2013 и 2016 година.