ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите граѓани, нивни активисти, симпатизери, поддржувачи да излезат и да изразат „поддршка кон патриотите и револт кон политичкиот прогон на власта“ со блокада на крстосници.

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе ги блокира следните крстосници во период од 15 – 17 часот: кај Мавровка, кај Порта Влае, помеѓу бул. „Јане Сандански“ и бул. „Србија“ во населбата Ново Лисиче и кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.
ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест и пред Министерството за правда (Димитрие Чуповски 9), Скопје денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.