Џафери го прати барањето за одземање на имунитетите до Комисијата

од desk4
79 прегледи

Собранието вечерва преку соопштение инфромираше дека претседателот Талат Џафери  ги доставил до Комисијата за деловнички и мандантно -имунитетни прашања барањата за одобрување на притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска.

-Ве известуваме дека согласно член 53 став 5 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Талат Џафери, ги достави до комисијата за деловнички и мандантно -имунитетни прашања барањата за одобрување на притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска поднесени од Основен суд Скопје I Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција IV KOK.ПП. бр.384/17 од 28.11.2017 година, пишува во соопштението од Собранието.

Откако известувањето ќе пристигне до Комисијата, таа е должна да го разгледа и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Собранието. Врз основа на извештајот на Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот одлучува по барањето.

Слични содржини