
– Еко-акцијата за чистење на дивите депонии утре ќе се спроведува во Општина Аеродром во соработка со Град скопје и неговите јавни претпријатија.
Според предвидената динамика, акцијата ќе ја опфати целата територија на општината. Ќе се исчистат 62 мини депонии, ќе се уредат 22 зелени површини и ќе се санираат дупки на шест улици, кои се под ингеренции на Град Скопје.
Во акцијата ќе бидат вклучени од 1.000 до 1.500 лица, а добредојдени ќе бидат и волонтери со висока еколошка свест.
Еко акцијата претставува симболичен почеток на реализација на стратегијата на Општина Аеродром, како локална самоуправа, за целосно чистење на дивите депонии на нејзината територија.
По завршувањето на еко-акцијата Општина Аеродром ќе продолжи со расчистување и уредување на сите локации, како и со тековното одржување на јавните површини.