(ВИДЕО) Маж активира бомби во судница во Украина

од desk4
50 прегледи

 – Еден човек активираше две рачни бомби во судница во источна Украина, при што се уби себеси и повреди најмалку седум лица.

Инцидентот се случи за време на сослушување за убиство во градот Никопољ, во украинскиот регион Дњепропетровск.

– Според првичмте извештаи, човекот извадил две рачни бомби и ги активирал за време на сослушувањето за случајот убиства, изјави портпаролот на полицијата Јарослав Тракало.

Човекот кој ги активираше бомбите е татко на една од жртвите на убиствата, кои се предмет на ова судење.

Меѓу повредените се тројцата обвинети и четворица вработени во судот и чувари.

Според некои украински медиуми, во инциднетот се повредени десет лица.

На обвинетите им се суди дека во февруари 2016 година пукале во еден автомобил, при што убиле две лица.

Player