Директорот на ЦИА се подготвува да ја предводи американската дипломатија

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Директорот на ЦИА, Мајкл Помпео, веќе се подготвува да раководи со Стејт департментот, објави Вашингтон пост, цитирајќи извори од Белата куќа.


“Помпео доброволно се ангажира за вработување нов кадар и гледа како да го реорганизира Стејт департментот повторно да работи ефикасно”, изјави извор од администрацијата.
Весникот забележува дека директорот на ЦИА се консултирал со своите познаници во Конгресот за да добие совет за раководството на американската служба за надворешна политика. / ТАСС