Одлуките за одземање на имунитетот на пратениците потпишани и проследени до судот

од desk2
66 прегледи

Претседателот на Собранието Талат Џафери веднаш по завршувањето на денешната седница ги потпиша одлуките за симнување на имунитетот на шестмината пратеници од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и тие се веќе проследени до Кривичниот суд.

Претходно, Собранието на 25. седница го одобрија барањето на судот за одземање на имунитетот на Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.

Шестемина пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

Слични содржини