
Од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР) информираат дека до 16 часот попладнево најмногу дожд заврнало во Охрид, 22 литри на метар квадратен, а по тоа следат Маврово со 18 литри, Лазарополе со 17, Претор и Пожараено со 15, Тетово со 14.
Времето во Македонија ќе биде облачно со слаб до умерен дожд и во текот на вечерта и преку ноќта. Врнежите се очекува да бидат почести на запад, а преку ноќта ќе се прошират и кон источните делови од земјата.
Вечерва се очекува да наврнат до 60 литри дожд на метар квадратен, а ќе дува и слаб ветер од променлив правец.
Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на југот на земјата ќе има услови за појава на грмежи. Снег се очекува на планините над 2000 метри надморска височина.
Утре локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен и понекаде особено кон југот со поинтензивните врнежи ќе има услови за ретки грмежи. Во ноќта кон недела и во недела претпладне ќе има врнежи кои ќе се поинтензивни на западот. Од понеделник ќе преовладува посвежо време со северен ветер, а на планините на северозапад, а и на повисоките места на североисток ќе има провејување на слаб снег, информира УХМР.