ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира пред истражниот затвор во Шуто Оризари

од desk2
87 прегледи

Судството под политички притисок вчера ослободи лица обвинети за тероризам. Како услов за да се бранат од слобода за грозоморното убиство на петте момчиња кај Смилковско езеро, судот им определи мерка два пати во неделата да се јавувале кај надлежниот судија, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата реагираат и на вчерашната одлука на судот да ги преиначи мерките домашен притвор за актерот Владо Јовановски и режисерот Борис Дамовски и да ги испрати во истражниот затвор во Шуто Оризари.

„Зоран Заев и органите на прогонот под негова команда, не само што им измислија, конструираа и процесираа обвинение за тероризам, туку повеќе им веруваат на убијците од Смилковско езеро дека редовно ќе се јавувале на суд и дека нема да ја напуштат Македонија, отколку што им веруваат на македонските патриоти.Ова е срамната слика за македонската правда денеска. Луѓе кои низ целиот свет ја промовирале Македонија и македонската култура и не сториле никаков прекршок се гонат за тероризам. Луѓе кои ја бранеле земјава од терористи и криминалци се наоѓаат во притвор, а за терористите од Диво Насеље, Заев најавува меѓународна истрага за да ги ослободи“ стои во рекацијата.

ВМРО-ДПМНЕ смета и дека се апсат и притвораат луѓе само затоа што си ја сакаат земјата и затоа што гласно решиле да се спротистават на хунтата на Заев во нејзините намери за раскрчмување на Македонија.

Од партијата најавуваат дека ќе продолжат со протестите и дека денеска во 18 часот, ќе организираат протест пред истражниот затвор во Шуто Оризари.

Слични содржини