Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја поздрави одлуката на Врховниот суд за повторно судење на случајот „Монструм“ и ослободување на обвинетите да се бранат од слобода.

„Барањето на обвинителството, како и одлуката на судиите се праведни и во согласност со нашите и очекувањата на граѓаните. Уште од почетокот на истрагата, и потоа, на судењето на случајот, Демократската унија за интеграција инсистираше на целосно расветлувањето на вистината, транспарентно судење на случајот со истакнат меѓународен мониторинг и регионална соработка на институциите“, се вели во соопштението на ДУИ.
Во него се додава дека „партијата останува силно посветена на реформи во судството според препораките на Европската Унија и за владеење на правото и законот и во сите други спорни случаи кои предизвикаа сомнежи“.