85
Северна Кореја го прослави усовршувањето на својот нуклеарен арсенал со огномет, соопштија државните медиуми во земјата.
Војската и граѓаните се собраа во престолнината Пјонгјанг за да се одбележи усовршувањето на нуклеарниот арсенал кое беше постигнато со овонеделното лансирање на балистичката ракета, наведува државната агенција на Северна Кореја, КЦНА.
-Никој не може да го укине нашето право на суверенитет, преживување и развој, бидејќи го усовршивме нуклеарниот арсенал, рече заменикот на претседавачот на Работничката партија на Северна Кореја, Пак Кванг-Хо.