Седумдесетгодишен драчевец бил нападнат и искасан од улични кучиња, соопшти МВР.

О.Н пријавил дека околу 08,00 часот, додека се движел со велосипед на улица Коперникова, од страна на три кучиња скитници бил бутнат од велосипедот, а потоа бил каснат во пределот на надколеницата на левата нога.
Тој се упатил во поликлиниката Драчево, каде побарал лекарска помош.