Македонска вечер во Белград во организација на Здружението за српско-македонско пријателство „Шар Планина“

од desk4
57 прегледи

Над 600 Македонци во Србија со македонска вечер во престижниот Офицерски дом во центарот на Белград го одбележаа дваесетгодишниот јубилеј од постоењето на Здружението за српско-македонско пријателство „Шар Планина“.

Покрај 37 македонски здруженија, „Шар Планина“ е прво и најстаро здружение на македонците во Србија, чија основна цел му е зближување на српскиот и македонскиот народ и негување на традицијата и културата на двете држави.

Прв претседател на здружението во 1997 година бил Зафир Хаџиманов, сега почесен амбасадор на културата, потоа пријателите на Македонија, Зоран Правуловиќ и проф. д-р. Синиша Зариќ, како и Љупчо Видевски.