(ВИДЕО) Русија нанесе моќен групен авиоудар по џихадистите на ИД крај Дејр ез-Зор

од desk4
126 прегледи

Шест бомбардери Ту-22М3, кои полетале од територијата на Руската Федерација, нанеле групен авиоудар по упоришта на терористичката група “Исламска држава” југоисточно од сирискиот град Дејр ез-Зор.

Стратешки бомбардери погодиле депоата со муниција, окопни возила. Од руското Министерство за одбрана прецизираат дека ловци Су-30см од авиобаза “Хмејмим” ги обезбедувале бомбардерите.
“По завршувањето на борбената мисија, руските авиони се вратија на аеродромот”, додаде агенцијата.