
Првата дама на Франција, Бриџит Макрон, стана кум на првото бебе панда што е родено во Франција. Малото е од машки пол и се вика Јуан Менг, што значи “остварување на сонот”.

Бебето е родено на 4 август и имало сестра, која не успеала да преживее. Родителите на Јуан Менг пристигнале во Франција во 2012 година како знак за затоплување на односите меѓу Франција и Кина.

Двете големи панди ќе мора да се вратат во својата татковина во 2022 година, а нивната мала се очекува да остане во Франција само две или три години.