Патниците на летот Куба-Велика Британија доживеаја непријатна ситуација кога мотор на авионот експлодира при полетувањето.

Патниците на аеродромот во Олгин се качиле во леталото, но при полетувањето се случила експлозија.
Џозеф Фарнхил (60) патник во авионот вели дека имале среќа што останале живи.
„Да се случеше експлозијата во текот на летот, сите ќе бевме мртви“, вели тој.
Се слушнал силен звук, а патниците избегале од чадот.
„Се виде експлозија, а одеднаш авионот падна, моторот почна да гори и излегуваа искри во задниот дел од авионот“, сведочи патникот Брајан Кенеди.
Пилотот брзо изреагирал, го приземјил авионот, а персоналот бил спор во евакуацијата на патниците, па некои паднале во несвест од чадот.
Авио-компанијата „Томас Кук“ ги отфрла овие обвинувања.
Од компанијата велат дека на прво место им се патниците, ги евакуирале, ги сместиле во хотел и им закажале нов лет за среда, а за обесштетување добиле по 600 евра.