Пилотите од германските авиокомпании одбија да летаат откако им беше дадена задача да ги вратат назад во нивните земји иселениците од Авганистан, на кои им беше одбиен азилот во Германија.

Пилотските екипи не сакаа да учествуваат во депортацијата на иселеници од Авганистан, бидејќи на таа територија сѐ уште се води војна.
Авганистан се наоѓа во војна која не се очекува наскоро да згасне, па затоа сѐ поголем број на државјани на оваа земја бараат азил во некоја од побезбедните европски држави. Затоа Германија е една од првите дестинации на граѓаните на Авганистан кои бараат безбедна околина.
Германската влада потврди дека 222 летови биле откажани од јануари до декември оваа година, бидејќи пилотите одбивале да ги враќаат луѓето во опасност. Се работи за за жители на Авганистан кои не успеаја да обезбедат азил во Германија.
Најголемиот број од овие откажани летови, дури 140, доаѓаат од аеродромот во Франкфурт, а 85 од нив биле на компанијата Lufthansa и нејзината фирма-ќерка, Eurowings.
Според Die Welt, Германската канцеларија за миграција успеала да реши повеќе од 388.000 случаи на азиланти во првата половина од оваа календарска година.