Санирани се 27 депонии и уредени 22 зелени потези на територијата на Општина Аеродром во рамки еко-акцијата што од 29 ноември до 4 декември беше спроведена во соработка со Град Скопје.

На терен во рамки на акцијата, како што информира општина Аеродром, биле ангажирани 1.000 луѓе.
Во акцијата расчистени се осум локации во населбата Јане Сандански, четири во Ново Лисиче, пет во Реонски Центар „Аеродром“ и Лисиче и десет во Мичурин, Стар Аеродром и Острово.
Од општината информираат дека продолжуваат со санирање на другите локации, како и со тековно уредување на сите јавни површини, а комуналните инспектори редовно интервенираат за да нема повторно собирање отпад.
– Ги охрабруваме граѓаните доколку забележат фрлање отпад на несоодветни локации, да пријават на телефонскиот број 076 316 515. Потсетуваме дека комуналните инспектори на општина Аеродром работат во две смени и викенди, односно се достапни секој ден од 08:00 до 22:00 часот, се вели во соопштението од општина Аеродром.