Отфрлено барањето за импичмент на Трамп

од Vladimir Zorba
69 прегледи

   Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа со огромно мнозинство ја отфрли предлог-резолуцијата за импичмент на претседателот на САД Доналд Трамп, што ја поднесе демократскиот конгресмен од Тексас, Ал Грин. 

„Против“ Предлог-резолуцијата гласаа 364 конгресмени, додека 58 ја поддржаа.

Ниту еден републиканец не се согласи со започнување процедура за отповикување на Трамп, но предлогот не беше поддржан ниту од голем број демократски конгресмени.

Во Предлог-резолуцијата се тврди, дека Трамп „не е способен да ја извршува претседателската функција“, бидејќи предизвикал „несогласувања во земјата и се однесувал на несоодветен начин“.