(ВИДЕО) Супермоделот Кејт Мос снима во фустан од пердуви за француската модна куќа

од desk4
175 прегледи

Сен Лоран ги објави фотографиите од првата рекламна кампања со Кејт Мос. На 43 година познатиот британски модел за прв потпиша договор со француската модна марка. На 01 декември на Инстаграма на Saint Laurent се објавува фотографии на која Кејт лежи на камени скалила во кожени чизми од Ентони Вакарело и со разголени гради.

Авторот на видеото е Натали Канг која исто така ги сликала Принс, Шарлот Генсбур и Тревис Скот. На 5 декември брендот објави фотографии од кампањата за пролетно-летно колекција на кои моделот носи црн фустан, кожени палта и каубојски појас.

Кејт беше снимена од британскиот фотограф Дејвид Симс, автор на голем број слики за Vogue, Love и i-D.