И Џефри Раш е вмешан во сексуален скандал

од desk4
106 прегледи

И името на Џефри Раш е вмешано во секс скандалот во Холивуд. Затоа пак актерот одлучи да поднесе тужба за клевета против австралискиот весник Daily Telegraph поради објавена информација за неправилно однесување кон театарска актерка, соопштија светските информативни агенции.

Актерката соработувала со Џефри Раш во драмата Кралот Лир. Минатиот месец изданието објави информација за неговото непристојно однесување кое се случило кон крајот на 2015 година и почетокот на 2016 година.

Џефри Раш, кој е на 66 години, изјави дека напишаното во таблоидот е лага и предизвика непоправлива штета на неговата репутација.

Главниот уредник на австралиски весник Дејли телеграф соопшти дека весникот правилно напишал дека компанијата Сиднеј театар добила таква жалба.

Адвокатот на актерот не посочил каков надоместок сака неговиот клиент. Тој нагласи дека Џефри Раш прво сакал да го исчисти своето име.

Минатата недела Џефри Раш поднесе оставка од функцијата претседател на Австралиската академија за филмска и телевизиска уметност.

Џефри Раш, кој е водечки австралиски театарски актер, кој е четири пати номиниран за Оскар. Тој ја освои наградата во категоријата Најдобар актер во 1997 година за Брилијантност.