Градоначалникот на Општина Центар. Саша Богдановиќ на својот фејсбук профил напиша дека најостро го осудува расфрлањето отрови.

-Расфрлањето отров, не е решение за справување на проблемот со кучињата во Скопје. Тоа е опасно, особено за децата. Затоа ова најостро го осудувам и заедно со надлежните ќе преземеме чекори за откривање и казнување на несовесните граѓани. Веќе разговарав со командирот на ПС Центар и договоривме да се засилат патролите и контролите.Во исто време апелирам и сопствениците на кучиња да ги чуваат и шетаат врзани и со заштитна маска. Ќе иницирам средба со градоначалникот на Град Скопје и градоначалниците во општините во Скопје за да се преземат најитни мерки за решавање на проблемот со кучињата скитници, кои се реална опасност за граѓаните – напиша Богдановиќ.